Ако сте љубител на тиква колку и јас, дефинитивно ќе останете за да го видите рецептот за овие меки и вкусни мафини со тиква.
Ретко кој од нас не обожава да јаде блага печена тиква во есенските и зимските денови, нели?
Направени со пире од тиква (испечена тиква и испасирана) и богати со зимски зачини, целиот дом мириса преубаво додека се печат.
Ова не се должи само на тиквата, тука и на прекрасната мешавина од зачини која се додава.
Единствено што ви треба се калапи за мафини и неколку едноставни состојки за да си ги подготвите.
Зошто Треба да ги Пробам Овие Мафини со Тиква?
Дали за појадок, ужина или вечера, овие мафини со тиква се прекрасен избор. Плус, и кога ќе се оладат уште се меки, па не мора да се изедат во еден ден. И наредниот ден ќе бидат преубави.

Исто така, супер се за оние помалку искусните во кујна кои сакаат да си направат вкусна храна без да мораат да се мачат многу.
Празнични и миризливи, сите што ги пробаа кога ги направив ги пофалија (дури и оние поскептичните!).
А и најмалите ќе ги сакаат, посебно кога ќе ја видат нивната интересна форма.
Ајде да го погледнеме рецептот заедно!
Мафини со Тиква Рецепт
Потребно ви е:
*калап за мафини
200 гр брашно
150 гр шеќер
180 гр пире од печена тиква
2 јајца
60 гр кисело млеко
85 гр стопен путер
1 лажичка прашок за печиво
1/2 лажичка сода бикарбона
1/2 лажичка сол
1 лажица мешавина од зачини (цимет, каранфилче, ѓумбир и мускатно оревче)
1 кесичка ванилин шеќер
Подготовка:
Во длабок сад, измешајте ги убаво горенаведените состојки и почнете да ги полните калапите со смесата.
Печете околу 20 до 30 минути на 200 степени Ц.
Јас користев шеќер во прав за декорација, но вие можете и нешто друго по ваш избор.
На здравје!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 4500 членови кои споделуваат извонредни рецепти!