Сте слушнале ли за превкусната ,,Швалерка” торта?- Овој десерт е прекрасно кремасто уживање и иако ја правам од многу одамна, верувајте ми, никогаш не дознав зошто баш вака се вика!
Можеби вие знаете? Споделете со мене во делот за коментари…
Како и да е, едно е сигурно, не може да ја заборавите-вкусот е извонреден.
Доста позната торта е кај нас и со право-прекрасен десерт со кој можете да ги прославите посебните моменти.
Оваа торта може да биде совршениот избор за вас ако сакате јаки, благи и сочни торти.
Богата е со ореви и чоколадо и три преубави филови и уживањето е загарантирано. Топло ви ја предлагам и за празниците што следат, ќе им се допадне на сите!
Ајде да го видиме рецептот заедно!
Швалерка Торта Рецепт
За корите:
7 белки
7 лажици шеќер
1 лажица оцет
Подготовка:
Изматете ги состојките да добиете цврста смеса. Потоа, додајте:
150 гр мелени ореви (+ 200 гр ситно сецкани ореви за составувањето на тортата подоцна(
2 лажици презла
Измешајте убаво и поделете на три еднакви делови, т.е. три кори во посакуваниот облик (круг, правоаголник, коцка, итн.)
Печете во соодветно тавче на 120 степени Ц, околу 30 минути.
Фил бр 1
1 л млеко
4 пудинзи од чоколадо
6 жолтки
150 гр шеќер
Подготовка:
Со миксер, изматете да добиете густ крем. Кога ќе се олади, додајте:
150 гр путер
2 кесички ванилин шеќер
300гр топена чоколада
Фил бр 2
15 жолтки
150 гр шеќер
Измешајте ги состојките и гответе ги на пареа додека не згуснат, околу 20 минути. Потоа, кога ќе се олади, додајте:
150 гр путер
2 кесички ванилин шеќер
Фил бр 3
4 кесички шлаг крем
Ја составувате тортата на следниов начин:
Кора
Фил бр 2
Фил бр 1
100 гр сецкани ореви
1/2 од шлаг кремот, фил бр 3
Кора
Фил бр 2
Фил бр 1
100 гр сецкани ореви
Остатокот од шлаг кремот (фил бр 3)
Кора
Фил бр 2
Фил бр 1
За декорацијата одозгора, јас користев шлаг крем, вие можете и по ваша желба!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 7500+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!