Ролат Баклава со Ореви и Чоколадо

Ролат Баклава со Ореви и Чоколадо

Доколку сте љубител на класични десерти, оваа ролат баклава со ореви и чоколадо е идеалната опција за вас.

Лесната подготовка, преубавиот вкус, и прекрасните состојки се само неколку од причините зошто треба да го изберете овој десерт. Веројатно и повеќето од потребните состојки веќе ги имате во вашата кујна па ќе можете уште денес да си ја подготвите.

Јас сум голем љубител на баклава и веќе имам споделено некои од моите омилени рецепти за баклава кои можете да ги најдете во категоријата Разни Десерти или со пишување на клучниот збор ,,баклава” во лупата за пребарување на блогот.

Совршен избор за било која прилика, особено за празничните периоди кои ни следат. Единствено што преостанува е да го прочитаме рецептот заедно!

Ролат Баклава со Ореви и Чоколадо Рецепт

Потребно:

500 кг кори за баклава

400 гр ореви, мелени

200 гр рендано чоколадо

3 лажици гриз

Останати состојки:

100 гр масло за јадење

Тавче со димензии 30×25

За шербетот:

750 гр шеќер

750 гр вода

За декорација:

100 гр чоколадо за готвење, топено

Подготовка:

За да го подготвите шербетот, зовријте ги водата и шеќерот.

Откако ќе почне да врие, продолжете да готвите уште 5, 6 минути. Додајте го ванилиниот шеќер и и сок од еден лимон. Нека се олади целосно.

Измешајте ги оревите, чоколадо и гризот. Ова ќе биде филот.

Редете по две кори. На секоја втора, распоредете две лажици од филот низ целата површина. Завиткајте ролат.

Соберете го ролатот од двете страни кон средината. Внимавајте ролатите да бидат во иста големина како на тавчето во кое ќе ги печете.

Исечете ги корите на парчиња во големина по желба. Пред печење, загрејте го маслото и попарете ги корите со него. Печете на 200 степени Ц, околу 40 минути.

Топлата баклава ја попарувате со ладниот шербет.

За декорација, стопете го чоколадото и нанесете го одозгора на секое парче.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 11,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *