Шарена Бајадера со Лешник и Кафе (Посна Бајадера)

Шарена Бајадера со Лешник и Кафе (Посна Бајадера)

Оваа шарена бајадера со лешник и кафе подгответе си ја за сладок почеток на 2023 година!

За новогодишните и Божиќните празници, подготвив неколку видови на ситни колачи, некои веќе испробани, а дел од нив беа нови.

Направив одличен избор и сите што ги пробаа ги пофалија, па некои од нив решив да ги споделам и со вас затоа што се превкусни.

Еден од рецептите што ме освои е оваа посна бајадера со лешник и кафе чиј рецепт го пронајдов на профилот на @_miris_dunja и го испробав. Заследете го нејзиниот профил за преубави рецепти!

Подготовката е лесна па затоа и помалку искусните во правењето колачи можат да си ја подготват без да се грижат дека нема да им успее.

Совршениот спој на лешник и кафе е веќе докажан, па затоа, ајде да го ѕирнеме рецептот!

Шарена Бајадера со Лешник и Кафе (Посна)

За смесата ви е потребно:

150 мл вода

150 гр шеќер

100 гр маргарин

100 гр чоколадо за готвење

2 до 3 лажички инстант кафе

200 гр мелени и печени лешници

200 гр мелени бисквити

Подготовка:

Во тенџере, на ниска температура, гответе постојано мешајќи ги водата, шеќерот, маргаринот и чоколадото.

Додајте го кафето и нека врие смесата околу 2 до 3 минути.

Тргнете го на страна и додајте ги бисквитите и лешниците. Промешајте убаво. Доколку смесата ви изгледа преретка, слободно додајте уште бисквити.

Во калап со димензии 21×21, распоредете ја смесата убаво и нека се лади на собна температура. Потоа можете да префрлите во фрижидер да се стегне уште поубаво.

За глазурата:

100 гр чоколадо за готвење

2 лажички масло

Една шака сечкани лешници

Подготовка:

Стопете го чоколадото и измешајте го со маслото и лешниците.

Прелијте ја смесата со глазурата кога ќе се олади.

Декорирајте со сечкани лешници и сечете по желба.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka, придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 11,000 членови кои споделуваат извонредни рецепти и заследете ме на ТикТок (gotvimesojadranka) за интересни видеа!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *