Слатки и Вкусни Велигденски Зајчиња од Тесто

Слатки и Вкусни Велигденски Зајчиња од Тесто

Ако сакате и вие да си ги имате овие преслатки Велигденски зајчиња од тесто на вашата трпеза и да видите насмевка на лицето на вашите најблиски, го имам вистинскиот рецептот за вас!

Тестото со кое ги направив е навистина разновидно и лесно за модификација-можете да си го користите и за многу други печива, како на пример вкусна штрудла.

Зајчињата јас ги направив да се благи со додавање на повеќе шеќер и лимонов сок-вие можете ако сакате да се солени, да го намалите шеќерот и да ставите повеќе сол и да не ставате лимонов сок.

Овие зајчиња од тесто ќе ја направат вашата Велигденска трпеза прекрасно заедно со ролованата полнета погача што ја споделив неодамна и со овие неодоливи бајадери со бадеми и лешници.

Ќе има по нешто за сечиј вкус…

Велигденски Зајчиња од Тесто Рецепт

Потребно ви е:

600 гр брашно

1 квасец

150 мл топло млеко

150 мл кисела вода

100 мл масло

1 лажица маргарин

2 жолтки

6 лажици шеќер

1 лажичка сол

Сок од лимон

Изрендана кора од лимон

Подготовка:

Измесете убаво меко тесто од состојките.

Оставете го 30 минути и потоа правите по две топчиња за телото на едно зајче. Плус уште едно за ушињата, на кое правите пресек на средина до половина.

Пред печење, премачкајте ги со изматена белка. Јас користев суво грозје за очињата и носето.

Нека остојат 30 минути па печете на 200 степени Ц, 15, 20 минути.

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 7700+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published.