Сочен Предлог за Ручек: Превкусна Мусака со Тиквички (Вегетаријанска)

Сочен Предлог за Ручек: Превкусна Мусака со Тиквички (Вегетаријанска)

Кога ќе слушнеме мусака, најчесто си мислиме на онаа добропознататa што си ја спремаме кај нас, со мелено месо и компири, нели?

Но, мусаката е всушност јадење кое ви дозволува и многу да експериментирате, да комбинирате разни состојки и да си го прилагодувате оброкот онака како што вие сакате.

На овој начин, никогаш нема да ви здосади и секогаш ќе помислите на неа кога сте во потрага по вкусен ручек.

Овој пат, јас решив да споделам со вас еден сочен предлог за ручек: превкусна веге мусака со тиквички која е миризлива и се топи во уста со секој залак. Соодветна е за вегетаријанци затоа што е без месо.

Оди супер со некоја салата и мислам дека нема да има некој на кој нема да му се допадне, а посебно ќе ги привлече љубителите на тиквички и вегетаријанците.

Плус, и започнува нивната сезона, па тоа е уште една добра причина да си го запишете овој рецепт и да го подготвите уште утре.

Ако одлучите да го направите, би ми било здоволство да споделите фотографија и искуство со мене како ви се допадна. Можете да ми коментирате овде на овој пост или пак во мојата ФБ група Готвиме со Јадранка или на Инстаграм gotvimesojadranka!

Превкусна Мусака со Тиквички (Вегетаријанска)

Потребно ви е:

2 тиквички со средна големина, излупени и исечени на кругови

2 компири, со лушпа, добро измиени

1 кромид, излупен и ситно исецкан

1 морков, излупен и исеџкан

Неколку парчиња домат или пелати

Маслиново масло

За кремот одозгора:

2 јајца, изматени

2 лажици кисела павлака

100 мл млеко

1 лажица мешан сув зеленчук

Сол

Бибер

Останати состојки:

100 гр ајдамер

Подготовка:

На грил тава, ставете маслиново и додајте ги тиквичките. Испечете ги од двете страни. Тргнете на страна.

Посебно сварете ги компирите заедно со лушпата, околу 10 минути, и потоа излупете ги и исецкајте ги на тркалца.

Пропржете ги кромидот и морковите. Потоа, во тава, наредете ја мусаката.

Првиот ред ставате тиквички, па половина од кромидот и морковот, па компирите. Потоа останатата смеса од кромид и морков и ја покривате со тиквичките. Додајте ги и доматите или пелатите.

Печете на 220 степени Ц, околу 20 минути. Полијте одозгора со кремот па вратете во рерна уште 20 минути.

5 минути пред крај, нарендајте го ајдамерот.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 7200+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published.