Сочни Залчиња со Солени Розен Кори

Сочни Залчиња со Солени Розен Кори

Кога ќе сакате да одморите од благи торти, топло ви препорачувам да си подготвите солена торта! Овие сочни залчиња со солени Розен кори се токму таква торта.

Исечени на коцки и совршени за сервирање кога сте со друштво и уживате во добар филм и муабет, ќе ги обожавате кога ќе ги пробате. Толку се кремасти и лесни за правење и ќе им се допаднат на сите, од најмладите до највозрасните.

Солените Розен кори се супер избор за солени торти, но и лазањи и други солени специјалитети. Ставете насмевка на лицето на вашите најблиски, подготвувајќи им ги овие превкусни залчиња.

Ми се допаѓа многу што со овој рецепт можете многу да експериментирате и да си ги прилагодувате состојките според она што вие сакате. И секако, доколку сакате поголеми парчиња да сервирате, а не вакви мини залчиња, секако дека може.

Исто така, ако некој не конзумира месо или некои од другите состојки, заменете ги со растителни или со некои други. Навистина даваат простор за креативност.

Сочни Залчиња со Солени Розен Кори

Потребно ви е:

Солени Розен кори, едно пакување

500 гр издробено сирење или крем сирење

500 гр кисела павлака

200 гр рендани кисели краставички

200 гр шунка, изрендана

200 гр кашкавал, изрендан

Подготовка:

Измешајте убаво.

Земате една кора и ја премачкувате со две, три лажици од смесата. Наредната кора ја премачкувате со смесата и со тој дел преклопувате. Ова го повторувате со секоја наредна кора.

Кога ќе стигнете до половина од корите, на филот додајте и 2 лажици ајвар.

Продолжувате додека имате кори и фил.

Затворате со кора. Притиснете со нешто тешко за да се соедини убаво.

Премачкајте ја целата солена торта со тенок слој павлака. Нарендајте кашкавал. Потоа, сечете на мали коцки, 3×3.

Чувајте во фрижидер.

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои скоро 8000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published.