Сочни Кроасани со Кашкавал и Сирење-Уживање за Целото Семејство

Сочни Кроасани со Кашкавал и Сирење-Уживање за Целото Семејство

Дали сте подготвени да научите како да си направите неодоливи солени кроасани, меки како душа?

Па уште ако ги јадеме додека се топли, мхмм, навистина се храна за уживање.

Овие што ги подготвив ги наполнив со кашкавал и сирење и ми се совршени за појадок или ужинка. Со чаша јогурт или кефир, ќе ги обожаваат сите генерации во вашето семејство, а посебно најмалите.

Иако можеме да купиме кроасани во најблиската пекара или маркет, мислам дека единствениот вкус на домашни кроасани е незаменлив.

Ако ги читате и вие овој рецепт и се подготвувате да го пробате, веројатно го делиме истото мислење!

Ако го Имате Вистинскиот Рецепт, Кроасаните не се Тешки за Подготовка

Многу луѓе мислат дека домашните кроасани се комплицирани и дека треба многу искуство во кујната за да ги подготвите баш како што сакате.

Но, ова не мора секогаш да биде точно затоа што секој може да направи вкусни кроасани без да има многу искуство во готвењето- потребен ви е само точниот рецепт!

Не го одложувајте вашиот првиот обид за вкусни кроасани кои ќе ви го разубават утрото и кои вашите најмили ќе ги обожаваат.

Кроасаните бараат време и трпение, но трудот се исплати, верувајте ми!

Домашни Кроасани Рецепт

**истото тесто се користи и за благ и солен фил, изборот е ваш. На овој линк можете да го видите рецептот з благата варијанта.

За тестото, потребно ви е:

1 килограм брашно

2 јајца

200 мл млеко

200 мл вода

200 мл масло за готвење

1 коцка квасец

4 лажици шеќер

3 лажички сол

250 гр. путер или маргарин

За полнењето, имате неколку опции:

Сирење

Кашкавал

Фета

Моцарела

Подготовка:


Измешајте ги состојките, освен путерот/маргаринот и почнете да месите тесто. Кога ќе го измесите убаво, поделете го на два дела.

Овие два дела треба да го поделите на 8 еднакви топчиња. Потоа, ставете едно од топчињата на набрашнета површина и расукајте го со сукалка и ставете малку путер или маргарин.

Ставете го наредното парче и повторувајте ја постапката со останатите, едно врз друго.

Последното не се премачкува со путер/маргарин. Вака споени едно врз друго, со сукалото, измесете го тестото да добиете еден голем круг.

Со нож, поделете го кругот на 8 еднакви триаголници. Претходно подготвените состојки за филот ги нанесувате на триаголниците. Виткајте го тестото да ги затворите кроасаните од краевите кон средината.

Оставете ги 1 час да се надигнат и потоа печете ги во правоаголно тавче обложено со хартија за печење околу 20 минути на 200 степени Ц.

Најубави се кога се јадат топли.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 8700+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published.