Солените мафини се нешто највкусно за појадок или совршената ужинка за убави моменти во природа, особено во комбинација со јогурт или ајран.
Нивната подготовка е многу едноставна, може да се експериментира со разни состојки кои вам ви се омилени, а секогаш ветуваат вкусно уживање.
Овие солени мафини се толку сочни и миризливи што нема да биде лесно да се изеде само едно! Кашкавалот и фетата се одлична комбинација, а зачините кои ги користев ја создаваат совршената арома.
Кашкавалот и фетата се топат во уста и ги прават овие мафини пресочни.



Лесни за подготовка (измешај, сипи, печи) и со преубав вкус, топла препорака ми се за секој дел од денот, не само како појадок.
Рецептот ве чека!
Солени Мафини со Кашкавал и Фета Рецепт
Потребно ви е:
3 јајца
2 шолји пченкарно брашно
2 шолји пченично брашно
150 мл јогурт
1/2 шолја масло за јадење
1 кесичка прашок за печиво
Вегета
Буковец
Сол
100 гр рендан кашкавал
100 гр фета
Останати состојки:
Сусам
Ким
Ленено Семе
Подготовка:
Вклучете го шпоретот на 200 степени Ц. Во меѓувреме, изматете ги јајцата во длабок сад. Додајте ги јогуртот и маслото за јадење. Мешајте убаво.
Додајте ги зачините па брашното и прашокот за печиво. Изматете уште еднаш со жица.
Во смесата, ги додавате кашкавалот и фетата. Промешајте уште еднаш и смесата е подготовена.
Премачкајте го калапот за мафини со путер или масло за да не се залепаи тестото. Секое од вдлабнатините ги полните со смесата и одозгора ги нанесувате семињата.
Печете ги на 200 степени Ц, околу 20 до 25 минути, додека не поруменат.
Сервирајте и уживајте!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 10,500 членови!