Старинска ,,Салама" од Смокви (Рецепт Стар Повеќе од 150 Години!)

Старинска ,,Салама” од Смокви (Рецепт Стар Повеќе од 150 Години!)

Рецептот за оваа старинска ,,салама” од смокви го прочитав во една мини книга со рецепти и веднаш ме воодушеви, посебно кога ги прочитав преубавите состојки и еден многу интересен факт.

Имено, според книгата со рецепти за ситни колачи, оваа старинска ,,салама” се прави повеќе од 150 години. Во минатото дури била и главна атракција на трпезите на богатите граѓански семејства и се подготвувала за имендени и слави.

Затоа мислам дека е совршен избор за еден нов, поинтересен, а сепак традиционален десерт кој ќе ја направи вашата празнична трпеза посебна и уникатна. Ќе уживате во подготовката и во богатиот вкус на овој извонреден десерт.

Старинска ,,Салама” од Смокви

Потребно ви е:

250 гр смокви, исецкани по должина, претходно отстоени во топла вода 15 минути да омекнат, и потоа исцедени

250 гр суво грозје, потопено во топла вода, околу 15 минути, и потоа исцедено

150 гр ореви, исечкани ситно

1 јајце

1 жолтка

Рендана кора од 1 портокал

2 лажици брашно

Подготовка:

Од сите состојки, правите хомогена смеса која ја префрлувате на хартија за печење. Формирате долгнавест облик. Доколку имате триаголна или правоголна модла, можете да го префрлите во таков облик.

Ќе добиете вакви две форми од по 30 цм. Ги печете на 180 степени Ц додека не се зацрвени смесата, околу 15 минути. Потоа, го оставате плехот да се олади. Тргнете ја хартијата и сечете по желба на парчиња.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 9000+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *