Оваа сукана баница со кисела зелка и сирење се топи во уста-ќе ви се допадне вкусот, а посебно комбинацијата на филот (кисела зелка и сирење).
Дали за појадок или за ручек, оваа превкусна баница вреди да се проба и сите ваши најмили ќе го обожаваат вкусот. За мене баница со зелка е секогаш највкусната опција. Овој пат е уште повкусна во комбинација со сирење.



Уживајте во неодоливиот вкус додека е уште топла баницата со чаша јогурт или ајран-секогаш ќе се бара парче плус!
Сукана Баница со Кисела Зелка и Сирење
Потребно ви е:
500 гр брашно
150 мл топло млеко
150 мл топла вода
4 лажици масло
½ лажичка сув квасец
2 лажички шеќер
1 лажичка сол
Останати состојки:
150 гр маргарин
50 гр нишесте
500 гр кисела зелка
200 гр сирење
Подготовка:
Од сите состојки замесете меко тесто и нека отстои 15 минути. Поделете го тестото на 12 топчиња. 6те топчиња ги премачкувате со омекнат маргарин (вкупно 150 гр) и ги поклопувате со другите 6 топчиња.
Нека отстојат 15 минути. Од секое, расукајте голема кора. При сукање се солат со нишесте (вкупно 50 гр за сите).
Попрскајте ја секоја со масло за јадење. Ставете го и филот по желба. Мојот фил беше околу 500 гр кисела зелка ситно исечкана и пропржена и 200 гр. сирење.
Се виткаат како обичен ролат и се редат во тава. Се сечат на парченца, во големина по желба. Нека отстојат додека се загрее рерната.
Печете на 220 степени Ц, околу 10 минути и уште 20 минути на 200 степени Ц.
На здравје!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која се ближи до 10,000 членови и се споделуваат извонредни рецепти за сечиј вкус секојдневно!