Немате време за комплицирани торти кои бараат да одвоите поголем дел од вашето време за нивна подготовка?-Нема проблем!
Овој тарт со аронија и бело чоколадо се подготвува за само 15 минути и не бара никакво печење. Иако се прави брзо, нуди неодолив вкус и комбинација која ветува задоволство за целото семејство.
Аронија е преубаво шумско овошје кое е преубава комбинација со белото чоколадо. Кога ќе го пробате првото залче, ќе се прашувате зошто не ви текнало порано да си го подготовите овој десерт!



Подлогата на овој тарт е навистина прекрасен. Бисквитите и бадемите даваат преубава текстура и совршена арома и вкус. Се спојуваат одлично со преостанатите состојки и на крај добивате преубав вкус, преубав пресек и потполно уживање.
Видео подготовката можете да ја видите на мојот инстаграм @gotvimesojadranka додека пишаниот рецепт ве чека подолу!
Тарт со Аронија и Бело Чоколадо Рецепт
За подлогата:
300 гр мелени бисквити
100 гр мелени бадеми
125 гр путер
130 гр млеко
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки и смесата ја префрлувате во плехот за тарт. Убаво го израмнувате, и на долниот дел и од страните.
Врз него, распоредете 200 гр аронија.
За филот:
400 гр бело чоколадо
125 гр маргарин или путер
200 мл слатка павлака
Подготовка:
Можете да го подготвите или на пареа или во микро. Треба да се соединат сите состојки. Прелијте го филот преку аронијата.
Се остава да се олади па се префрлува во фрижидер. Најубаво да отстои преку ноќ.
Сечете и уживајте!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 10,700 членови кои споделуваат извонредни рецепти!