Тиропита (Грчка Пита со Сирење)

Тиропита (Грчка Пита со Сирење)

Тиропита е популарна Грчка пита со сирење која е совршеното јадење за било кој дел од денот-дали брз појадок, необичен ручек, или одлична ужинка додека работите, нема никогаш да ви здосади.

Тиропита рецептите се различни и може да се најдат неколку подготовки, големини и облици. Која и да изберете, нема да погрешите.

Овој рецепт според мене е најлесниот за подготовка затоа што сите состојки се мешаат и потоа се пече. Има и опција со готови кори која е исто така превкусна и вреди да се испроба.

За подготовката на оваа превкусна пита, се мешаат неколку вида на сирење и кашкавал, а најважната состојка е фета сирењето. Мириса преубаво и вкусот е незаменлив. Мека и неодолива, сите од најмалите до највозрасните ќе уживаат во овој специјалитет.

Искомбинирајте си ја со салата и чаша јогурт или Ајран и стоплете се во овие студени денови!

Благодарност до @ljiljanas_kitchen за споделувањето на овој извонреден рецепт.

Тиропита Рецепт

Потребно ви е:

5 јајца

400 гр Фета сирење

200 гр Ајдамер или Гауда

200 мл павлака

200 гр брашно

1 лажичка прашок за печиво

100 мл масло за готвење

Подготовка:

Изматете ги јајцата убаво па додајте ја фетата, претходно изгмечена со вилушка. Додајте го и изренданиот кашкавал, павлаката, маслото, брашното и прашокот за печиво. Убаво измешајте со лажица да се спојат состојките и да добиете погуста смеса.

Во тавче обложено со хартија за печење или намаслено на дното и на страните, расипете ја смесата и убаво распоредете ја.

Висината на питата треба да биде околу 2 прста. Печете во загреана рерна на 200 степени Ц, околу 20 до 25 минути.

Сечете по желба и уживајте. На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои повеќе од 9600 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *