Кога ги видов прв пат овие лиснати триаголници полнети со шампињони и кашкавал на YouTube, знаев дека морам веднаш да ги пробам!
Изгледаат толку меко и сочно и секој залак се топи во уста-совршен појадок и комбинација со јогурт или кисело млеко.
Ова печиво многу луѓе го знаат како Данско печиво.
Зошто ова Печиво е Одличен Избор за Мене?
Затоа што е премеко и мириса преубаво, а можноста да си бирате филови по ваш вкус е навистина супер затоа што можете да ги направите по вкус на сите ваши најблиски.
Овие триаголници полнети со кашкавал и шампињони може да се направат и во блага верзија- мислам дека ќе бидат превкусни!
Има толку интересни комбинации што можат да се испробаат, па затоа мислам дека никогаш не може да здосади и е добар рецепт да си го имате.
Јас овој пат ги наполнив со кашкавал, шампињони и шунка, вие можете да си додадете нешто по ваш избор или да си замените со нешто.
Триаголници од Тесто со Шампињони и Кашкавал Рецепт
Потребно ви е:
500 гр брашно
150 мл млеко
80 мл топла вода
1/2 коцка свеж квасец
1/2 кесичка прашок за печиво
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
50 мл масло за готвење
Фил бр 1
200 гр маргарин или путер
2 жолтки
Фил бр 2
200 гр сирење
3 лажици павлака или кајмак
Фил бр 3
200 гр шунка, рендана
200 гр кашкавал, рендан
150 гр шампињони
Подготовка:
Замесете тесто од состојките. Нека отстои 20 минути и поделете на 2 дела.
Од двата делови, расукајте правоаголна кора премачкајте со првиот фил.
Потоа, и со 2иот фил.
На крај, се премачкува со 3тиот фил.
Се виткаат како ролат и се притиснуваат малку одозгора. Се сечат како триаголници.
Нека отстојат 20 минути па премачкајте ги со жолтка и наросете сусам. Печете 20-25 минути на 200 степени Ц.
На здравје!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 4700 членови кои споделуваат извонредни рецепти!