Уникатни и Премеки: Булочки, Руско Печиво

Уникатни и Премеки: Булочки, Руско Печиво

Булочки е името на едно преубаво и превкусно Руско печиво кое го правев неодамна и често се навраќам на рецептот и заради вкусот и заради изгледот.

Уникатниот начин на обликување на тестото го прави нивниот изглед мошне интересен.

Фотогенични и многу многу вкусни, секогаш се добра идеја за било кое време во денот-можат да бидат со солен или со благ фил, и со двата се извонредни и ви овозможува да ги задоволите сите вкусови на вашите најблиски.

Иако ви треба еден до два часа за подготовка, кога ќе ги видите испечени и кога ќе ги пробате, сфаќате дека вредело!

Ако сеуште не ве убедив да си ги пробате, само погледнете ги како изгледаат:

Булочки, Руско Печиво Рецепт

За тестото:

250 мл топло млеко

250 мл топла вoдa

25 гр свеж квасец

8 гр сув квасец

1 лажичка сол

3 лажички шеќер

1 јајце

1 белка од јајце

850 гр брашно

За премачкување на тестото:

150 мл путер или маргарин

+ 1 жолтка изматена со малку млеко (за одозгора)

сусам

мешавина од семки

Опции за фил:

Сирење, кашкавал или

Крем, мармалад

Подготовка:

Измешајте ги сувите состојки. Направете мала дупка во средина и додајте ги во неа изматеното јајце, вода, белка и млекото.

Со рацете, измешајте ги состојките убаво и почнете да го месите тестото околу 1 до 2 минути. Оставете го да одмори. Потоа, месете го уште 10 минути или додека не престане да се лепи на рацете. Покријте го и нека одмори 1 час.

Потоа, поделете го на 20 парчиња. Секое парче премесете го малку во рацете и направете топка. Оставете ги да се надигнат малку и потоа го размесувате секое во големина на тацна за кафе.

Ги редите едно врз друго, (10 +10) премачкувајќи го секое со путер или маргарин. Последното не се премачкува. Покријте со стреч фолија и ставете во фрижидер да отстојат 30 минути.

Потоа, ги расукувате тестата да направите една потенка, поголема кора. Ја затворате како ролат и сечете на 10 парчиња.

Од секое, правите вдлабнатина во средина, како на видеото подолу. Го полните со посакуваниот фил (јас користев рендан кашкавал) и затворате, спојувајќи го тестото и превртувајќи ги за да затворениот дел биде долу.

Печете во тавче на хартија, 30 минути на 200 степени Ц.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 7200+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *