Вртена Баница од Готови Кори со Спанаќ и Сирење

Вртена Баница од Готови Кори со Спанаќ и Сирење

Кога сакате брз, вкусен, и преубав појадок, особено кога целото семејство е заедно за викенд, топло ви ја препорачувам оваа вртена баница од готови кори со спанаќ и сирење.

Лесна за подготовка и совршена за почетниците во кујна, загарантирано ќе уживате.

Со мешавината од спанаќ и сирење никогаш нема да погрешите, посебно кога се баниците во прашање. Супер избор и за помалку искусните во кујна затоа што користите готови кори. А вкусот е еднакво добар!

Ајде да го ѕирнеме рецептот заедно…

Вртена Баница од Готови Кори

Потребно ви е:

1/2 кг готови кори

200 мл млака вода

100 мл масло за готвење

1/2 прашок за печиво

За филот:

300 гр спанаќ, ситно исечкан

300 до 400 гр, урда и сирење измешани

100 гр фета сирење

Се мешаат сите состојки заедно.

Подготовка:

Секоја кора се премачкува со две до три лажици со мешавината од вода, масло и прашок за печиво. Потоа се ставаат една до две лажици фил. Се витка обична кора како ролат и се врти во круг, како полжав.

Го повторувате истото со останатите кори.

Ако ви остане од мешавината за прскање, премачкајте ги корите одозгора пред печење. Печете 30 минути на 180 до 200 степени Ц.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 9000+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Leave a Reply

Your email address will not be published.