Вртена Баница со Сирење

Вртена Баница со Сирење

Дали за појадок или ручек, оваа вртена баница со сирење не може да ве остави рамнодушни.

И, ако ме следите веќе некое време, знаете веројатно дека обожавам да подготвувам разни пити, особено баници.

Една од последните пити што ја направив беа мантиите со мелено месо на лесен начин и беше еден од најчитаните рецепти-ако не стигнавте да го ѕирнете рецептот, кликнете овде.

Пити подготвувам одамна и ми се едни од омилените традиционални јадења.

Целото семејство ќе ужива во вкусот на оваа сочна и миризлива вртена баница, па затоа ви ја предлагам и на вас да си ја подготвите.

Иако мојот фил беше сирење овој пат, вие навистина можете да си експериментирате и да си вклучите нешто друго што би сакале (праз, мелено месо, урда, итн.).

Опциите се многу-па затоа и секогаш супер идеја.

Вртена Баница со Сирење Рецепт

Потребно ви е:

600 гр брашно

2 лажички сол

50 мл масло

300-350 мл кисела вода

Фил:

Дробено сирење, по желба (можете и друг фил да си изберете).

Подготовка:

Замесете тесто од состојките и поделете го на 3 еднакви делови. Нека отстојат 15 минути.

Од секој дел, расукајте кора со големина на голема чинија. Колку што можете, со рацете растегнете ја кората, но не премногу.

Одозгора на кората напрскајте масло и размачкајте го низ целата кора. Развлечете ги уште малку крајните делови, за биде потенко тестото.

Сега, на работната површина, ставете го тестото и од секое, расечете помал круг, а од поголемиот, направете засечоци да добиете триаголници.

Секое од триаголниците преклопувајте кон внатре, врз помалиот круг. Прскајте со масло.

Нека отстои вака тестото малку. Потоа, притиснете го и поделете го на половина. Ставете од филот (дробено сирење). Одоздола кон нагоре мотајте како ролат.

Редете како полжав во тава-од една кора ќе добиете две вакви полжавчиња. Испрскајте ги со масло. Во загреана рерна на 200 степени Ц, печете ги околу 20 до 30 минути.

Кога ќе ги извадите, испрскајте ги малку со вода.

На здравје!

Не заборавајте да споделите фотографии со нас доколку одлучите да ја направите оваа вртена баница по овој рецепт-можете овде во коментар или во нашата ФБ група.

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 5600 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

2 Comments

  1. Looks delicious. I am in Pennsylvania. Is there a way I can get your recipes in English?
    Thank you
    Tom Stefl

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *