Здрав и Превкусен Појадок: Мини Коцки со Киноа и Тиквички

Здрав и Превкусен Појадок: Мини Коцки со Киноа и Тиквички

Сакате лесен, а вкусен и здрав појадок?-Ако одговорот е ,,да”, тогаш мора да ги пробате овие прекрасни мини коцки со киноа и тиквички.

Одлични се за овој период кога почнува сезоната на тиквички. Киноата е исто така здрава состојка која можете да си ја конзумирате во текот на цела година.

Ако сте љубител на тиквички, ќе го обожавате овој појадок. Потребните состојки се само неколку и можно е веќе да ги имате повеќето.

Сервирајте ги овие убавини со чаша јогурт или кисело млеко и уживајте во магијата на утрото!

А еве и како да си ги направите…

Мини Коцки со Киноа и Тиквички Рецепт

Потребно ви е:

1 поголема тиквица

200 гр брашно

100 гр киноа, потопена со врела вода

2 јајца, изматени

Сол

Магданос

Лук во прав

Сусам

Калап за ролат

Подготовка:

Измијте ја убаво тиквицата и изрендајте ја. Посолете убаво и нека се цеди неколку часа.

Потоа, во садот со тиквицата, додајте го брашното, киноата, јајцата и зачините. Измешајте убаво и префрлете во калапот.

Наросете со сусам одзгора и други семки по избор.

Печете 20 минути на 200 степени Ц.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 7700+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *